Достапни линкови

logo-print

Денеска резултати од државната матура


Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, директорот на Државниот испитен центар Јусуф Арифи и директорот на Бирото за развој на образование Весна Хорватовиќ денеска ќе ги соопштат резултатите од полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок.
Полагањето на задолжителните предмети од испитот државна матура, односно тестирањето по мајчин јазик и литература матурантите го полагаа на 8 јуни, додека полагањето по изборниот предмет - странски јазик или математика, односно естетика или филозофија, се одржа на 11 јуни.
Матурантите кои не ја положиле државната матура или ќе положат само еден предмет во јунскиот испитен рок, имаат втора можност на следниот испитен рок - на 13 август мајчин јазик и на 15 август изборниот предмет.
XS
SM
MD
LG