Достапни линкови

logo-print

Русија демантира дека му помагала на Сноуден


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров демантираше поврзаност на неговата земја со поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден, кој е во бегство. Лавров на прес конференција ги отфрли американските обвинувања дека руските власти му помагаат на Сноуден, кој се гони за предавство. Министерот ги нарече обвинувањата неосновани и неприфатливи. За сега не е јасно каде точно се наоѓа Сноуден кој пристигна во Москва од Хонг конг во неделата.
XS
SM
MD
LG