Достапни линкови

logo-print

Бразил - протестите се по жестоки


Најмалку едно лице загина во масовните протести во Бразил, јави АП.
Стотици илјади Бразилци ги продолжуваат протестите кои, како што јави Дојче Веле, излегле од контрола во неколку градови. Само во Рио де Жанеиро синоќа се собрале, според проценките околу 300 илјади деминстранти.
Повод за избивање на нередите беше зголемувањето на цената на билетите во јавниот сообраќај, што во меѓувреме во голем дел е повлечено.
Меѓутоа, демонстрантите се противат и на виските трошоци за организација на Светско фудбалско првенство 2014 и Олимписките летни игри 2016 година. Многумина Бразилци се незадоволни што државата ги запоставува инвестициите во здравството и во образованието.
XS
SM
MD
LG