Достапни линкови

Бразил- најмалку едно лице загина на антивладините протести


Едно лице загина додека стотици илјади луѓе се придружија на антивладините протести низ повеќе градови во Бразил. Агенциите јавија дека полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстранатите во Рио Де Жанеиро каде што протестираа околу 300 илјади лица. Во главниот град Бразилија безбедносните сили ги одвратија демонстрантите да влезат во министерството за надворешни работи.
Демонстрантите се бунат против корупцијата и високите суми за бразилските меѓународни спортски случувања, како светското првенство во 2014. Демонстрантите изјавуваат дека поголеми суми треба да се издвојуваат за образование и здравствена заштита.
XS
SM
MD
LG