Достапни линкови

Кина ќе испрати втора жена во вселената


Кина се подготвува да испрати во вселената втора жена од оваа земја. Вселенското летало Шенжу со три астронаути треба да биде лансирано денеска од космодромот Џиукуан во западна Кина. Дел од екипажот кој ќе учествува во 15-дневната мисија е и 33-годишната Ванг Јапинг, втора кинеска астронаутка. Се очекува таа за време на мисијата да одржи предавање од вселената за кинеските студенти.
Кина је испрати првата жена-астронаут пред една година, а денешното лансирање ќе го одбележи 50-то испраќање на луѓе во вселената во изминатите 10 години.
Целта на Кина е да изгради сопствена вселенска станица до 2020 година.
XS
SM
MD
LG