Достапни линкови

logo-print

Хејг:Организирањето мировна конференција за Сирија е се потешко


Вилијам Хејг

Вилијам Хејг

Секретарот за надворешни работи на Велика Британија, Вилјам Хејг изјави дека неодамнешните воени придобивки од страна на Владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад ќе го направи потешко организирањето на меѓународна конференција со цел да се стави крај на граѓанскиот конфликт во Сирија. Во интервју за телевизијата Би Би Си тој рече дека владата во Дамаск постигнала предност по цена на многуте загубени животи и употребата на насилство против цивилите. Според него развојот на настаните значи дека Владата ќе направи помалку отстапки во преговорите и ќе ја направи помала веројатноста опозицијата да учествува. Последниве неколку недели Меѓународната заедница се обидува да се организира таква конференција во Женева во текот на месецот. Хејг додаде дека Велика Британија сè уште разговара за предложените мировната конференција со Соединетите Држави, Русија и ОН.
XS
SM
MD
LG