Достапни линкови

САД бараат повлекување на Хезболах и Иран од Сирија


САД бараат либанскиот Хезболах и Иран веднаш да ги повлечат своите борци од Сирија. Во писмено соопштение, Белата Куќа исто така го осуди нападот врз бунтовниците во сирискиот пограничен град Кусаир, наведувајќи дека се убиени голем број цивили и дека се предизвикани хуманитарни страдања.
Претходно и Арапската лига ја осуди воената интервенција на Хезболах во Сирија. Сирискиот режим вчера објави дека има контрола врз Кусаир по неколкунеделни битки.
XS
SM
MD
LG