Достапни линкови

Бесими и во Париз добил совет да биде решен спорот со името


Унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи се важни за натамошно приближување кон Унијата e пораката што ја добил вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, за време на разговорите со претставници на француската држава.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, во рамките на еднодневната посета на Франција, Бесими имаше средби со Пјер Селал, генерален секретар на Министерството за надворешни работи на Франција, Фабиен Пенон од Кабинетот на францсукиот претседател, како и со Мишел Каза, директор за Европска Унија во француското Министерство за надворешни работи.

Претставниците на француската држава го поздравиле напредокот во исполнувањето на одредниците од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Притоа Париз укажал на потребата за натамошни напори во врска со дијалогот со новинарите, имплементација на политичкиот договор од 1-ви март и оддржување на добри меѓуетничките односи. Исто така, Париз става акцент и на унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи, кои се важни за натамошното приближување кон Унијата. Од француска страна, било истакнато дека решавањето на спорот за името би имало големо значење во насока на отпочнување на преговори со Унијата, заради што ги повикува Македонија и Грција што побрзо да изнајдат взаемно прифатливо решение на прагматичен начин и преку компромис.
XS
SM
MD
LG