Достапни линкови

Пиеса за проституцијата на уметноста


„Ние нешто пропуштаме“ е насловена едночинката на драматургот Горјан Милошевски чие читање, во организација на независниот театар - Театра, ќе се случи оваа среда, во вообичаениот термин од 22 часот, во скопскиот арт-клуб „Дамар“. Досега беа изведени три вакви перформанси и една радио драма, а главна цел е на публиката да и се претстави посебноста и креативноста на авторите кои допрва доаѓаат и поинаку размислуваат.

По текстовите на Миа Ефремова, Ивана Смилевска, Илија Илов и Сашо Димоски, во рамките на циклусот драмски читања што пред неполн месец го започна независниот театар „Театра“, ќе се случи и претставувањето на едночинката на драматургот Горан Милошевски - „Ние нешто пропуштаме“. Во текстот авторот сака да го прикаже ниското, калкулантско, сурово, но сепак реално ниво на луѓето кои што денес се занимаваат со театарот и воопшто со уметност.
Во последно време пишувам текстови кои што испраќаат многу директни пораки затоа што сметам дека проблемите на луѓето им се дојдени преку глава и дека не е важно само да се чујат тие проблеми туку да се претстават како што треба и да се прикажат најотворено во театар. Да се крене свеста на уште повисоко ниво дека уметниците паѓаат на најниското можно ниво за да дојдат до пари.

„Главната идеја на текстот е всушност проституцијата на уметноста. Во последно време пишувам текстови кои што испраќаат многу директни пораки затоа што сметам дека проблемите на луѓето им се дојдени преку глава и дека не е важно само да се чујат тие проблеми туку да се претстават како што треба и да се прикажат најотворено во театар. Да се крене свеста на уште повисоко ниво дека уметниците паѓаат на најниското можно ниво за да дојдат до пари“, забележува Милошевски.

Драматургот вели дека тој е најбрутален со својата идеја затоа што и стварноста е таква и дека сето ова го прави преку жанрот на црната комедија затоа што смета дека преку хуморот некако побрзо и полесно допираат пораките до јавноста.
„Ние нешто пропуштаме“ на Милошевски е уште еден од текстовите од јавниот повик на Театра кој трае до 10 јуни, а чија цел е да се стори потрагата по млади, нови автори кои можат да предизвикаат внимание со сопствените творечки идеи.
Целта ни е пред сè да се допре до модерни, актуелни теми и да видиме кој се проблемите на денешниот човек. Тие да ги изградиме преку една фантазија на сцената, преку една игра која што треба да инспирира и да крене свест кај луѓето и она најважното да врати доверба во театарот. Така со помош на публиката ние се развиваме!.

„Нашиот повик е отворен кон сите што пишуваат. Ако се издржани нивните текстови, ако имаат добра драматуршка подлога, ако се автономни по однос на идеите на авторот, тогаш ние ги избираме и се прави драмско читање со професионална екипа.“

Инаку, независниот Театра започна пред две години како идеја на продуцентската Марија Зафирова која потем беше развивана заедно со режисерката Билјана Радиноска, а се со цел да се формира еден театар кој што ќе се бори да ги покрене стандардите на театарската продукција и да донесе нови и свежи содржини кои што ќе бидат поразлични од она што се нуди на репертоарите на театрите и ќе имаат свој сензибилитет и свој печат. На проектот подоцна му се приклучиле Ива Дујак какао маркетинг менаџер, графичкиот дизајнер Магдалена Дилевска, актерите Наташа Петровиќ и Васил Зафирчев, Сашо Димоски и други.

„Целта ни е пред сè да се допре до модерни, актуелни теми и да видиме кој се проблемите на денешниот човек. Тие да ги изградиме преку една фантазија на сцената, преку една игра која што треба да инспирира и да крене свест кај луѓето и она најважното да врати доверба во театарот. Така со помош на публиката ние се развиваме!“, потенцира Милошевски, потсетувајќи дека не бадијала слоганот за двегодишнината на Театра бил - „Театарот расте!“.

Кон ова само уште информацијата дека драмските читања продолжуваат до крајот на јуни, а наедно по неделниот пренос на провокативната пиеса „Имен“ на Маја Гоческа наскоро Театра премиерно ќе изведе уште една радио драма. Информациите за случувањето ќе бидат објавени на сајтот на овој независен театар, а повикот до самомислечките и урбаните луѓе останува ист - „Ако сакаш да му помогнеш на театарот, не глуми. Биди публика!“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG