Достапни линкови

МААЕ ќе расправа за иранската нуклеарна програма


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во посета на нуклеарната постројка Натанц во 2008 година.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во посета на нуклеарната постројка Натанц во 2008 година.

Иранската нуклеарна програма е на дневен ред на денешниот состанок на управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ), што е агенција на ОН. За време на еднонеделниот состанок во Виена, се очекува одборот на гувернери да го разгледа последниот извештај од инспекторите на Агенцијата за иранската програма. Според извештајот од 22 мај, Иран продолжува да ги шири своите нуклеарни активности, вклучително и во постројките за збогатување ураниум. Се нотира и напредокот во изградба на реактор за производство на плутониум. Сепак, според информациите, не е многу веројатно дека одборот ќе преземе некаква акција на овонеделниот состанок пред изборите во Иран закажани за 14 јуни. Техеран ги негира обвинувањата дека се обидува да направи атомска бомба.
XS
SM
MD
LG