Достапни линкови

Состојбата со текстилците сериозна, но не и драматична


Илустрација.

Илустрација.

Текстилците бараат државата, исто како во земјоделството, да субвенционира дел од трошоците за набавка на модерни машини за текстилната индустрија за да се зголеми конкурентноста.

Состојбите во текстилната индустрија се такви што бараат преземање мерки, но не се толку драматични како што се претставуваат, велат нашите соговорници, Ангел Димитров од Здружението за текстил во Стопанската комора и Анѓелко Анѓелковски од Синдикатот на текстилците.
Текстилната индустрија со години наназад се соочува со одреден пад, значи од 2006 година досега имаме пад од некаде 25 отсто или за една четвртина од производството и извозот, но мислам дека нема да има нагло отпуштање затоа што сега следува сезоната за шиење за есен-зима, така што во моментот конфекциите имаат работа. Проблемот беше во месец април. Ситуацијата е за да се преземат мерки, треба за понатаму да се запре тој пад, но состојбата не е така драматична, ние сè уште сме конкурентни на пазарите.

Кластерот за текстил вчера се пожали на драстично намалени нарачки, најави отпуштање на 1000 до 2000 вработени во претстојниот месец и побараа интервенција од надлежните со цел намалување на трендот на опаѓање на производството.

Претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата во Стопанската комора на Македонија Ангел Димитров, кој е и претседател на Организацијата на работодавачи, вели дека таа прогноза е препесимистичка.
Архивска фотографија: Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип.

Архивска фотографија: Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип.


„Текстилната индустрија со години наназад се соочува со одреден пад, значи од 2006 година досега имаме пад од некаде 25 отсто или за една четвртина од производството и извозот, но мислам дека нема да има нагло отпуштање затоа што сега следува сезоната за шиење за есен-зима, така што во моментот конфекциите имаат работа. Проблемот беше во месец април. Ситуацијата е за да се преземат мерки, треба за понатаму да се запре тој пад, но состојбата не е така драматична, ние сè уште сме конкурентни на пазарите.“

Тој вели дека состојбите во текстилната индустрија многу зависат од случувањата во ЕУ.
Јас лично не верувам дека оваа индустрија ќе се најде во многу незавидна состојба, затоа што сè уште сме интересни како подрачје кои и географски е блиску до Европа, а и поради конкурентноста на тоа што го произведуваме како текстил во Македонија за сите странски партнери, односно за европските земји и мислам дека намалувањето на вработени нема да биде толку драстично.

Со сличен став е и претседателот на Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Анѓелко Анѓелковски. Работодавачите треба да бараат нови пазари, а владата треба да им помогне со субвенционирање, вели тој.

„Јас лично не верувам дека оваа индустрија ќе се најде во многу незавидна состојба, затоа што сè уште сме интересни како подрачје кои и географски е блиску до Европа, а и поради конкурентноста на тоа што го произведуваме како текстил во Македонија за сите странски партнери, односно за европските земји и мислам дека намалувањето на вработени нема да биде толку драстично.“

Бројот на вработени во текстилната индустрија само во изминативе две години се намалил од 45 на 40 илјади вработени. Текстилците се жалат на немањето доволно стручни кадри, како и на застарена технологија што се одразува врз профитот и врз платите. Димитров вели дека државата, исто како во земјоделството, треба да субвенционира дел од трошоците за набавка на модерни машини за текстилната индустрија за да се зголеми конкурентноста. Проблем е нелојалната конкуренција на текстил од Кина и Турција, како и високите царини за увоз на репроматеријали, вели тој.

Кластерот за текстил вчера се пожали и на нееднаквиот третман на државата кон домашните фирми во споредба со странските инвеститори кои имаат низа поволности. Димитров вели дека најверојатно се мисли на слободните индустриски зони.

„На почетокот се кажуваше дека таму нема да има текстил, но сега се виде дека, да речеме, Џонсон контролс во Штип прави навлаки за седишта на автомобили, кое е во суштина текстилна гранка, а не се работи за авто-индустрија. Мислам дека на таква нееднаквост мислеле кога ја дадоа таа изјава.“

Од вкупнот број вработени во индустријата, околу 33 отсто отпаѓаат на текстилот. Оваа гранка според остварени приливи е на второ место, по металургијата. Се проценува дека годишно просечниот бруто девизен прилив од текстилната индустрија достигнува 560 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG