Достапни линкови

Американци ќе се топлат со македонска волница


Работничка во фабриката за предиво и волница „Тетекс Јарн".

Работничка во фабриката за предиво и волница „Тетекс Јарн".

Фабриката за предиво и волница „Тетекс Јарн“ која од јули до декември минатата година беше во стечај, стартуваше со производство. Нивните производи се извезуваат во скандинавските земја, а наскоро и во Америка.

По периодот на стагнација полека заживуваат стопанските субјекти во тетовско кои се занимаваат со текстилна индустрија. Покрај конфекциите кои досега редовно обезбедуваа работа, производството го зголемуваат и останатите кои се дел од текстилната индустрија. Овој период со производство стартуваше фабриката за предиво и волница „Тетекс Јарн“ која од јули до декември минатата година беше во стечај.
Претежно нашиот производ го пласираме во скандинавски земји, таму се бара волницата поради географската положба, каде зимата трае и до шест месеци. Во меѓувреме преговараме и со фирми од Америка, имаме големи можности , зошто тоа е голем пазар, па ќе треба да видиме дали може да одговориме на предизвикот. Од пласманот на американскиот пазар, ќе зависи дали ќе останеме со овој капацитет или ќе се прошируваме.

Претпријатието, сега со ново име „Тетекс Јарн Груп“, го рестартираа тројца доверители од оваа некогашна фирма со македонско- норвешки капитал, Даниел транс Делта, Траншпед Вито од Македонија и Светол Друштво од Бугарија.

Овој стопански субјект произведува волница која е наменета за широка потрошувачка. Управителот на Тетекс Јарн Груп, Димитар Тенев од Бугарија, појаснува дека производите на претпријатието најпрвин ќе се извезуваат на европските пазари, но тенденциите на фирмата се проширување на извозот и во Америка.
Димитар Тенев управител во фабриката за предиво и волница „Тетекс Јарн".

Димитар Тенев управител во фабриката за предиво и волница „Тетекс Јарн".


„Претежно нашиот производ го пласираме во скандинавски земји, таму се бара волницата поради географската положба, каде зимата трае и до шест месеци. Во меѓувреме преговараме и со фирми од Америка, имаме големи можности, зошто тоа е голем пазар, па ќе треба да видиме дали може да одговориме на предизвикот. Од пласманот на американскиот пазар, ќе зависи дали ќе останеме со овој капацитет или ќе се прошируваме“, изјава Димитар Тенев управител наТетекс Јарн Груп.
Се надеваме дека ќе ја оформиме пак фирмат и дека пак ќе застанеме на нозе.

Активирањето на прозиводстевните погони, ги врати на работа некогашите работници. Засега работно ангажирани се стотина работници. Планот за реорганизација на фирмата е во тек, а идејата е наредниот период да бидат повикани сите отпуштени 220 работници. Раководството уверува дека на работниците ќе им бидат исплатени заостанати плати и придонеси. Вработените кои се веќе на работните места задоволни од заживувањето на претпријатието, кое е извор на егзистенција на многу семејства.

„Стартуваме со нормално производство, пробното го завршивме. Машините фала богу работат, немам поголеми дефекти. Се надеваме дека ќе ја оформиме пак фирмат и дека пак ќе застанеме на нозе.“

„Почнавме да работиме до речиси 50 проценти, се надевам дека за еден месец ќе го зголемиме производството за да ги повикаме сите работници кои седат дома.“

Вработените се надеваат дека штрајковите поради неисплатени плати и придонеси се веќе минато, а со реорганизацијата на претпријатието и стартот на производството сите ги очекува подобро утре.
XS
SM
MD
LG