Достапни линкови

ЕУ го завршува ембаргото за извоз на оружје за сириските бунтовници


Еворопската унија го завршува ембаргото за снабдување оружје за сириските бунтовници.Сепак британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг изјави дека сеуште не е донесена одлука кога да започне извозот на оружје за бунтовниците кои се обидуваат да го соборат режимот на Башар Ал Асад. Во меѓувреме дипломатите наведуваат дека ЕУ се согласила да ги продолжи на една година сите економски и финансиски санкции за режимот на Асад.Британскиот секретар за наворешни работи изјави дека нема непосреден план за извоз на оружје за Сирија но дека сега постои флексибилност тоа да се направи ако е потребно во иднина. Британија и Франција ги предводеа напорите за олеснување на ембаргото за извоз на оружје во Сирија.Австрија и други земји членки на ЕУ се противеа на тоа оценувајќи дека таков чекор може да води кон поголеми крвопролевања.
XS
SM
MD
LG