Достапни линкови

Младинско мултикултурно радио во Куманово


Активисти во двете невладини младински здруженија Мулти култи и ЦИД од Куманово веќе една година го реализираат проектот билингвално Мулти култи младинско радио.

Дваесетина студенти и средношколци, активисти во двете невладини младински здруженија Мулти култи и ЦИД веќе една година го реализираат проектот билингвално Мулти култи младинско радио. Во редакцијата работат млади луѓе од сите етникуми од Куманово, со цел да се слушне нивниот глас.
Разговараме директно, правиме емисии во живо, снимаме емисии на различни теми кои ги засегаат младите. Разговараме за образованието, за младинската невработеност, за културата, за сето она што ги интересира младите, а не можат да го слушнат на ниту еден друг медиум.

Магдалена Маневска координатор на проектот за работата на овој медиум, кој колку-толку го ублажува недостатокот на локалните медиуми во Куманово, објаснува:

„Разговараме директно, правиме емисии во живо, снимаме емисии на различни теми кои ги засегаат младите. Разговараме за образованието, за младинската невработеност, за културата, за сето она што ги интересира младите, а не можат да го слушнат на ниту еден друг медиум.“

За мотивацијата за започнување на младинското радио во Куманово Маневска додава:
Нема никакви медиуми, а не па медиуми кои ќе се залагаат за младински прашања. Второ беше сегрегацијата на младите во училиштата и третата мотивација беше тоа што се појавува целосна апатичност на младите надвор од училиштата, па дури и во училиштата. Ги собравме на едно место, на неутрален терен каде што ќе пишуваат за заеднички проблеми и заеднички маки и да ги споделат со младите во цела Македонија.

„Нема никакви медиуми, а не па медиуми кои ќе се залагаат за младински прашања. Второ беше сегрегацијата на младите во училиштата и третата мотивација беше тоа што се појавува целосна апатичност на младите надвор од училиштата, па дури и во училиштата. Ги собравме на едно место, на неутрален терен каде што ќе пишуваат за заеднички проблеми и заеднички маки и да ги споделат со младите во цела Македонија.“

Сепак, Маневска забележува дека е интересно тоа што младите во Куманово и натаму остануваат најпасивни во однос на нивните врсници од другите градови. Показател за тоа е последниот проект реализиран во соработка со Европска унија и ЕУ Инфо центарот од Скопје заедно со Центарот за меѓукултурен дијалог и Млади европски федералисти.

„Тоа беше конкурсот на тема „Европа во моето маало“, каде најмалку имаше пријавени од Куманово.“

Кристина Краљевска, која наскоро ги завршува студиите по новинарство, е една од наградените за емисијата за која ги истражувала меѓусебните односи на младите Македонци и Албанци.

Меѓутоа, според Маневска, ниту работата од една година и тимот кој од пет се зголемил на 25 луѓе:

„Сè уште не можеме да ги опфатиме луѓето да се заинтересираат за медиумскиот простор. Сè уште владее онаа иднината им останува на младите, а во сегашноста чекаат да пораснат.“

Иако радиото се емитува преку интернет.

Членовите на Мулти култи Младинското радио, гимназијалките Јулија Димитриевска, Меланија Цветковска и Елена Маневска велат дека им е забавно и се заинтересирани за новинарството.

„Не мора да значи, иако Мулти култи младинското радио ни помага да стекнеме искуство во областа на новинарството и може да помогне во понатамошно определување на нашата професија.“

Младите емисиите ги прават на македонски, на албански и на англиски јазик. Меѓутоа интересно е и тоа што овие млади можеби идни новинари преферираат и официјално да го користат кумановскиот дијалект.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG