Достапни линкови

„Мулти култи“ со нови членови


Невладината организација „Мулти-култи“ на отворениот ден за граѓаните на градскиот плоштад во Куманово го презентираше досега сработеното

Невладината организација „Мулти-култи“ на отворениот ден за граѓаните на градскиот плоштад во Куманово го презентираше досега сработеното

Младинската мултиетничката невладина организација „Мулти култи“ од Куманово со нови членови и активисти во своите редови.

Младинската мултиетничка невладина организација „Мулти-култи“ во отворениот ден за граѓаните на градскиот плоштад во Куманово неколкучасовната презентација на до сега сработеното ја искористи и за вклучување нови членови од основните и од средните училишта. Тие во наредното тромесечие ќе имаат можност преку најразновидни активности да се запознаваат меѓусебе, да се дружат, а веројатно и нешто да научат практикувајќи ја креативноста.
Главната цел е презентација на програмата на „Мулти-култи“ Младинскиот центар. И се работи на запишување на нови членови од основните и од средните училишта и нивно здружување независно од кој етникум се.
Магдалена Маневска од Младинскиот центар „Мулти-култи“ вели дека презентацијата ја нарекле „Отворен ден“ затоа што излегле на отворено, на Градскиот плоштад во Куманово.

„Главната цел е презентација на програмата на „Мулти-култи“ Младинскиот центар. И се работи на запишување на нови членови од основните и од средните училишта и нивно здружување независно од кој етникум се.“

„Мулти-култи“ организира шест работилници, по три за основците и за средношколците.

„За основците се: работилница за театар која на крајот завршува со театарска претстава која членовите заедно ќе ја подготват, работилница за изработка на накит и изработка на предмети од рециклирани материјали.“
На сите работилници освен темата на запознавање на која ќе работат, младинците од сите етникуми ќе работат и на нивното меѓусебно здружување.

А за средношколците освен темата за меѓусебно запознавање и разгледување на позитивните и негативните страни на социјалните медиуми:

„На оваа работилница младите ќе изработуваат свои, самоиницијативни весници и блогови, а ќе имаат и работилница за млади активисти. На сите работилници освен темата на запознавање на која ќе работат, младинците од сите етникуми ќе работат и на нивното меѓусебно здружување. Главната цел е да видиме колку сме различни, толку и двојно повеќе сме слични меѓусебе па зошто да не се дружиме меѓусебе кога сите сме на иста возраст“, вели Маневска.

Таа додава дека се задоволни бидејќи голема е заиинтересираноста на младите кои сакаат да се зачленат во Мулти-култи, токму поради тоа што имаат можност да си ја испробаат креативноста.

„Имаме заинтересирани за сите програми, младите реагираат ентузијастички и задоволни сме“.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG