Достапни линкови

logo-print

Кремљ - регрутирање руски шпион од САД не е добар потег


Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наводниот обид на американски дипломат да регрутира руски разузнавачки офицер за Централната разузнавачка агенција на САД не е од корист на напорите за подобрување на американско-руските односи.
Оваа изјава на Дмитриј Пешков е прва реакција на Кремљ по краткото задржување а потоа и протерување на дипломатот. Американскиот амбасадор Мајкл Мек Фаул беше повикан во Министерството за надворешни работи во врска со инцидентот.
Тој одби да го коментира случајот.
Вчера, руската државна телевизија покажа видео на притворениот дипломат идентификуван како Рајан Кристофер Фогл, кој, според Русија, соопшти работел, како трет секретар во политичкиот оддел на Амбасадата на САД во Москва.
XS
SM
MD
LG