Достапни линкови

Фич го зголеми кредитиниот рејтинг на Грција


Меѓународната бонитетна агенција „Фич“ го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Грција за еден степен, на Б-, бидејќи, според проценката на агенцијата, на Атина веќе не и се заканува банкрот. „Фич“ наведува дека рејтингот на Грција е зголемен поради напредокот на оваа земја во избалансираноста на јавните финансии и подобрување на трговската конкурентност, пренесуваат француските медиуми.
Во тек е ребаланс на грчката економија, остварен е јасен напредок кон елиминирање на буџетскиот и платнобилансен дефицит, наведуваат француските медиуми, додавајќи дека прогнозата на грчкиот рејтинг е стабилна.
XS
SM
MD
LG