Достапни линкови

Иран: Ахмадинеџад пред суд?


Махмуд Ахмадинеџад

Махмуд Ахмадинеџад

Советот на заштитници, највисокото уставно надзорно тело на Иран соопшти дека би можело да покрене обвинение против претседателот Махмуд Ахмадинеџад за кршење на изборните правила. Ахмадинеџад на кој според уставот му е забрането да се кандидира за трет претседателски мандат на изборите на 14 јуни во саботата го придружувал шефот на неговиот кабинет Есфандијар Рахим Машаи во изборниот штаб. Доколку биде обвинет и осуден, Ахмадинеџад може да добие казна од шест месеци затвор и 74 удари со камшик.
XS
SM
MD
LG