Достапни линкови

Русија ги олесни условите за заем за Кипар


Кипарското министерство за надворешни работи соопшти дека Русија се согласила да ги продолжи роковите за кредитот и да ја намали каматната стапка за заемот од 2,5 милијарди евра за Кипар како дел од меѓународните напори за спас на земјата. Ова кипарскиот министер го соопшти при посетата во Вашингтон.
Во март Кипар стана четвртата земја од еврозоната која побара финасиска помош од ЕУ и ММФ. За заем од 10 милијарди евра Кипар се согласи да спроведе банкарски реформи.
XS
SM
MD
LG