Достапни линкови

Двајца загинати, три деца се борат за живот по сообраќајката во кочанско


Повредени од сообраќајната несреќа кај кочанското село Оризари се носат во Клиничкиот центар во Скопје.

Повредени од сообраќајната несреќа кај кочанското село Оризари се носат во Клиничкиот центар во Скопје.

Една жена почина, три деца се борат за живот во Ургентниот центар во Скопје, од вкупно 12-те донесени во Скопје по тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во близина на кочанското село Оризари.

Едно од децата е во многу критична, коматозна состојба, а во животна опасност се уште пет лица. Едно лице е хоспитализирано на Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Од Општата болница во Кочани информираат дека три деца се на интензивна нега во таа здравствена установа и се во стабилна состојба.

Според Зоран Зафиров, портпарол на СВР-Штип, до несреќата дошло откако трактор со кој се превезувале 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се превртел во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Несреќата се случила околу 19 часот и 30 минути. Возачот на тракторот загинал на местото на несреќата.

Во тек е истрагата на местото на настанот. Според првичните информации, децата кои се превезувале во приколката на тракторот се од кочанското село Грдовци.
XS
SM
MD
LG