Достапни линкови

Вештачка водна криза во Куманово


Илустрација.

Илустрација.

Граѓаните на Куманово кои со вода се снабдуваат од градската водоводна мрежа останаа без вода поради спор меѓу локалното ЈП Водовод и државното „Водостопанство - Кумановско-липковско Поле“.

Изминатите денови кумановци кои со вода се снабдуваат од градската водоводна мрежа останаа без вода. И покрај долгите и тешки разговори и надмудрувања помеѓу надлежните од двете претпријатија – ЈП „Водовод“ и „Водостопанство - Кумановско-липковско Поле“ и градоначалникот, кој, пак, бара помош и комуникација со ресорните министерства, непознат е епилогот. Во временскиот период кога температурите се високи и потрошувачката на водата се зголемува, а наближуваат и неколкудневните празници, водата во двете липковски акумулации се испушта во река.
Ова не е првпат што се случува. Како граѓанин се чувствувам потценето бидејќи во 21 век да немаш вода за основни потреби навистина е жално. Виновникот треба да се бара помеѓу двете претпријатија на општинско и државно ниво. Нивниот однос не ме интересира има ресурси за вода, веројатно политиката е причина.

Политичката борба под закрила на финансиската состојба помеѓу локалната на Куманово и централната власт започна непосредно по изборите и сето тоа врз грбот на обичните граѓани, кои сметаат дека ова е незамисливо. Градоначалникот Зоран Дамјановски деновиве се обидува проблемот да се надмине, а според него, единствено трајно решение на оваа голгота која често се повторува е донесување на тарифникот според кој ќе се плаќа загарантирана цена на водата зависно од регионите во државава. Во тој случај и фамозниот договор за редовно плаќање на сировата вода ќе биде потпишан.
Општина Куманово.

Општина Куманово.


Граѓаните се револтирани што деновиве мака мачат без вода.

„Не нè интересираат релациите помеѓу двете претпријатија. Граѓаните мора да имаат вода, а раководните лица нека си се договорат и нека ги решат односите помеѓу себе.“
Мислам дека трпението на граѓаните е при крај. Замолувам јавно да се вклучат сите релевантни фактори, пред сè Владата, и апелирам никој да не се игра со судбината на 120 илјади граѓани на Куманово. Не се постигнуваат политички поени на овој начин. Меѓутоа, начинот на комуникација кој го водат со нас и со мене како градоначалник не е цивилизиран и адекватен. Ова не служи на честа на државните органи кои се основачи на ЈП „Водостопанство“ и ние корисниците на дотурот на сирова вода.

„Ова не е првпат што се случува. Како граѓанин се чувствувам потценето бидејќи во 21 век да немаш вода за основни потреби навистина е жално. Виновникот треба да се бара помеѓу двете претпријатија на општинско и државно ниво. Нивниот однос не ме интересира има ресурси за вода, веројатно политиката е причина.“

„Во 21 век никој не го заслужува ова. Да сме цивилизирана земја ова не би траело ниту еден ден, ваква вештачки предизвикана криза заради некои уцени и пресметки. Ова е срамота за цел град.“

Дамјановски смета дека ова е психолошка војна, дека е најголема навреда и понижување на граѓаните на Куманово. Тој настојува проблемот да го надмине преку институциите на системот.

„Ова се користи постојано како мерки на застрашување и заплашување. Законот има дава за право на членовите на Управниот одбор да си донесат цена каква сакаат. Оваа година е 5,2 денари за кубик што е 2,5 пати повеќе за 2,5 години. Имаме извршни судски пресуди, но оваа работа се случува само неколку дена по мојата победа како градоначалник.“

Дамјановски најави кривични пријави против сторителите на овој чин и бара помош од Министерството за животна средина.

„Мислам дека трпението на граѓаните е при крај. Замолувам јавно да се вклучат сите релевантни фактори, пред сè Владата, и апелирам никој да не се игра со судбината на 120 илјади граѓани на Куманово. Не се постигнуваат политички поени на овој начин. Меѓутоа, начинот на комуникација кој го водат со нас и со мене како градоначалник не е цивилизиран и адекватен. Ова не служи на честа на државните органи кои се основачи на ЈП „Водостопанство“ и ние корисниците на дотурот на сирова вода.“

Дамјановски смета дека зголемувањето на цената на сировата вода влегува во вкупната цена која граѓаните треба да ја плаќаат.

Тој потенцира дека биле неуспешни неговите досегашни обиди за контакт со надлежните министерства во Владата.

„Известен е и началник на СВР, ќе биде поднесена и пријава до обвинителството, сметам дека се надминуваат сите можни граници на толеранција во цивилизациското однесување на релацијата општина и институциите на системот кои ги застапуваат државните органи.“

Дамјановски ќе се повика на некои членови од Законот за здравје на граѓаните, пред сè на Куманово.

„Ја разбирам нивната загриженост за финансиската состојба, но тие имаат извршно решение на блокада на „Водовод“, таа тече, парите се повлекуваат од сметката на Водовод.“

Дека политичките игри нема да запрат, по празниците е најавена блокада и на депонијата Краста, што значи дека кумановци не само што ќе бидат без вода, ќе се задушуваат и во смет.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG