Достапни линкови

logo-print

Граѓаните лошо комуницираат со општините


Градоначалниците на Скопје и на општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, како и премиерот Никола Груевски присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на шеталиштето Сквер Јадран во центарот на Скопје.

Градоначалниците на Скопје и на општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, како и премиерот Никола Груевски присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на шеталиштето Сквер Јадран во центарот на Скопје.

Приказната дека ќе се изгради се што им треба на граѓаните и дека ќе се работи само и исклучиво за нивниот интерес се повторува пред секои локални избори. Откако ќе се добие власта, работите се менуваат. Иако очекувањата на граѓаните биле изневерени, искуството покажува дека и самите тие не покажуваат иницијатива да ги променат работите во своја корист.

Додека некои општини градат споменици и фонтани со кои го разубавуваат ликот на градот, во други најчесто, оние руралните се уште нема канализација или водоводна мрежа, недостасуваат асфалтирани патишта и други елементарни услови за живот. Приказната дека ќе се изгради се што им треба на граѓаните и дека ќе се работи само и исклучиво за нивниот интерес се повторува пред секои локални избори. Откако ќе се добие власта, работите се менуваат. Но, не и граѓаните. Иако нивните очекувања биле изневерени, искуството покажува дека и самите тие не покажуваат иницијатива да ги променат работите во своја корист.
Сто пати сме биле во општина да зборуваме за градскиот превоз, за автобусите и никогаш не ни одговориле. Ние поднесовме барање, се пожаливме, ни рекоа добро, ќе се реши. Потоа на телевизија чувме дека тоа не е можно.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски дели шишиња вода за заштита на граѓаните од топлотниот бран.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски дели шишиња вода за заштита на граѓаните од топлотниот бран.


Во обид да провериме дали граѓаните ги интeресира што работат градоначалниците во општините во кои живеат и колку тие директно се вклучени во донесувањето одлуки на локално ниво, ја сретнавме тетка Нада, пензионерка која живее во населбата Лисиче. Се пожали дека во нејзината општина недостасуваат градинки, училишта, амбуланти. Не и се допаѓале приоритетите на нејзината локална самоуправа. Кога ја прашавме дали како граѓанин била дел од некоја граѓанска иницијатива со цел да се направи нешто од корист на жителите на таа општина, ни ја раскажа својата приказна.
Најчести изговори се дека немаме време и очекуваме некој друг да го стори тоа за нас.

„Сто пати сме биле во општина да зборуваме за градскиот превоз, за автобусите и никогаш не ни одговориле. Ние поднесовме барање, се пожаливме, ни рекоа добро, ќе се реши. Потоа на телевизија чувме дека тоа не е можно. “

Слични размислувања добивме и од други сограѓани. Една од анкетираните призна дека не ги посетува отворените денови во општината поради негативните искуства на другите кои тоа го сториле, а друга ни призна дека вината лежи во човечката природа, односно потребата да се остави некој друг да ни ја заврши работата.

„Не сме отишле најверојатно затоа што сме поучени од искуството на други кои го направиле тоа, но бие одбиени или никој не ги послушал.“

„Најчести изговори се дека немаме време и очекуваме некој друг да го стори тоа за нас.“
Во општината во која јас живеам е потребно детска градинка, ние чекавме на ред да дојдеме за во група, и тоа чекавме година, година ипол.

А, кога ќе ги прашате дали се задоволни од работата на својата локална самоуправа, критиките следат во еден глас.

„Јас имам критика за хигиената во градот, за овие канти со ѓубре што се гледаат.“
Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, на пуштањето во употреба на втората делница од реконструираната улица Козле во Скопје.

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, на пуштањето во употреба на втората делница од реконструираната улица Козле во Скопје.


„Требаат игралишта, за младите треба да се направи се што треба. Потребни се повеќе болници, детски градинки, училишта, а не споменици.“

„Во општината во која јас живеам е потребно детска градинка, ние чекавме на ред да дојдеме за во група, и тоа чекавме година, година ипол.“

„Се китиме со туѓи перија, со туѓа историја, таму ги трошиме парите.“
Во последните неколку години, особено во овој втор мандат, имаме силно влијание на месните заедници, на здруженија на граѓани кои доаѓаат и даваат свои сугестии и видувања за потребите на граѓаните за поквалитетен живот. Според нивните желби ја правиме развојната програма, а тоа е основ за правење на буџетот на локалната самоуправа за следната година.

Во својот извештај за локалната самоуправа во Македонија, Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа, забележува дека недоволно се користат инструментите за директно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Граѓанската иницијатива, собир на граѓани и референдум се едни од механизмите кои им стојат на располагање на жителите на една општина да влијаат врз својата локална власт, а може да поднесуваат и жалби и предлози за работата на општинските органи. Сите овие инструменти, според податоците на Конгресот се користат еднаш до двапати во две до три години и само во некои општини.

Утврдено е дека е превисок прагот со кој најмалку 10 отсто од општинските одлуки треба да потекнуваат од иницијативи на граѓаните.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.


Ако ги прашате градоначалниците дали се транспаренти кон своите граѓани ќе ви кажат дека прават се за да ги слушнат нивните идеи и предлози за поубава општина. Градоначалникот на општина Кичево, Благоја Деспотовски вели дека често одржува средби со своите сограѓани и скоро секогаш ги реализира нивните желби и потреби.
Ние секогаш сме научени соседот да ни заврши работа, малку сме индиферентни, но секој граѓанин треба да сфати дека општината е негова и било што да направи добро, една хартија да исчисти од патот, тоа е за негово добро.

„Заедно со месните заедници организиравме ден за чистење на дивите депонии и засадување на зелени површини. Имаше одѕив кај сите месни заедници, сега да не претеруваме дека дошле сите, но знаете како е некои луѓе се поактивни, некои чекаат се да им направат другите“, вели Деспотовски.

И градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека вклученоста на граѓаните во локалната самоуправа се подобрува. Во првата фаза од спроведувањето на децентрализација, учеството на граѓаните во креирањето на одлуките на локално ниво било скромно, но сега според него состојбите се менуваат.
Ние мислиме дека за сето она што нас не тангира, треба да води сметка некој друг, пред се државата, па потоа политичките партии, или некој трет фактор.

„Во последните неколку години, особено во овој втор мандат, имаме силно влијание на месните заедници, на здруженија на граѓани кои доаѓаат и даваат свои сугестии и видувања за потребите на граѓаните за поквалитетен живот. Според нивните желби ја правиме развојната програма, а тоа е основ за правење на буџетот на локалната самоуправа за следната година“, вели градоначалникот Дамјановски.
Градоначалникот на Кичево Благоја Деспотоски со семејството Коџаџаклиоски чија куќа изгоре во пожар.

Градоначалникот на Кичево Благоја Деспотоски со семејството Коџаџаклиоски чија куќа изгоре во пожар.


Состојбите се малку поразлични во руралните општини. Градоначалникот на општина Арачиново Басри Бајрами вели дека иако нема определен конкретен ден во неделата за отворени средби со жителите на Арачиново, редовно ги слуша жалбите и поплаките на оние кои му го довериле мандатот.

„Има странки, ги сослушувам, нивните предлози секогаш се добредојдени. Треба да се гордееме кога имаме критики, од критиките ние учиме.“
Во Америка кога ќе отидете во салите за седници на Советот, таму советите се мали, нема повеќе од 10 луѓе, освен советот на Вашингтон, а салите се огромни за да може освен советниците да присуствуваат и многу луѓе, да ги следат седниците на советот. Слично е и во Холандија, таму каде што има развиена локална самоуправа многу се внимава на транспарентноста во одлучувањето на локалните власти.

Сепак Бајрами забележува на недостигот од иницијатива кај луѓето да се реши одреден проблем во општината.

„Ние секогаш сме научени соседот да ни заврши работа, малку сме индиферентни, но секој граѓанин треба да сфати дека општината е негова и било што да направи добро, една хартија да исчисти од патот, тоа е за негово добро.“

Истражувањето „Мојот советник“, спроведено од Центарот за институционален развој и невладината организација Мост, покажало дека луѓето не знаат кој ги претставува, кој е советник од нивното маало или населба или кај кој може да се обратат кога им треба помош за да се реши некој конкретен проблем.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски присуствува на еколошка акција во основното учииште Владо Тасевски.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски присуствува на еколошка акција во основното учииште Владо Тасевски.

Луѓето кои неколку пати се обиделе и виделе дека нема ефект се обесхрабруваат. Честопати објективно не може да биде усвоено некое индивидуално барање бидејќи е поставено во многу доцна фаза, и затоа треба да се охрабруваат граѓаните, да им се овозможи да се јавуваат во раните фази на креирање на приоритетите и политиките, се до цел да можат реално да се согледаат потребите.

Упатените посочуваат дека во земјава постои еден вид наметнат централизиран принцип на владеење, според кој победникот на изборите има целосен легитимитет да владее, а притоа не мора ако не сака, да консултира некого. Сепак можност да се смени оваа состојба има преку невладините организации, односно преку програмите како што се „Форум во заедницата“преку кои на општината и се нуди одредена сума пари како донација, но со услов таа да организира неколку форумски сесии во кои граѓаните ќе одлучуваат што ќе се направи со тие пари. Од овие организации велат дека на почетокот градоначалниците се противат на одржувањето на вакви состаноци со граѓани, но дека бргу сфаќаат дека ако им излезат во пресрет на граѓаните, може да ја добијат нивната доверба за остварување на уште еден градоначалнички мандат.

Експертите се согласуваат со генералниот впечаток дека не постои чувство на поврзаност меѓу локалната власт и жителите на општините.

Универзитетскиот професор Етем Азири вели дека за разлика од високо развиените демократски општества каде граѓаните се свесни дека се што се случува во локалната самоуправа е во интерес на нивното подобро живеење, кај нас работите се поразлични.
Отворен ден во македонското Собрание, граѓани во парламентот.

Отворен ден во македонското Собрание, граѓани во парламентот.


„Влијаат повеќе фактори, почнувајќи од културата на однесување која е на пониско ниво, па се до претераното политизирање на обичниот човек“,
вели Азири.

Тоа што граѓаните не покажуваат интерес или сосема мал дел од нив ги интересира каде се трошат народните пари, за Азири е резултат на општото расположение.

„Ние мислиме дека за сето она што нас не тангира, треба да води сметка некој друг, пред се државата, па потоа политичките партии, или некој трет фактор.“

Постојат неколку причини поради ваквиот однос на граѓаните кон локалната власт. Според упатените тоа се слабото познавање на демократијата, недоволно развиеното цивилно општество и поданичката култура. Упатените укажуваат дека современите истражувања покажале дека 50 отсто од граѓаните не ги познаваат доволно локалните надлежности.

Поранешниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски вели дека за разлика од македонските општини приодот кон локалните теми е поинаков во западно развиените земји.

„Во Америка кога ќе отидете во салите за седници на Советот, таму советите се мали, нема повеќе од 10 луѓе, освен советот на Вашингтон, а салите се огромни за да може освен советниците да присуствуваат и многу луѓе, да ги следат седниците на советот. Слично е и во Холандија, таму каде што има развиена локална самоуправа многу се внимава на транспарентноста во одлучувањето на локалните власти“, раскажува Коцевски.

Професорот Цветко Смилевски од Академијата Смилевски вели дека не постои темелно истражување за да се добие објективна слика за учеството на граѓаните во организациите на локалната самоуправа, но сепак смета дека не се воспоставени институционални механизми кои ќе ги охрабрат граѓаните да учествуваат во нивната работа и од тоа да имаат некаков бенефит.

„Поранешната форма на работа на комисиите со експертски претставници од граѓаните во подготовката на определени политики, акти и т.н. сега е напуштена и сите комисии се составени од советниците, што значи дека граѓаните на секои четири години може да одлучуваат за она што е нивниот реален живот, потреба во локалната самоуправа. И не се практикуваат секаде пожелните форми како што се јавните расправи за буџетот, а таму кадешто се практикуваат се сведени на форма кога се во завршна фаза само да се каже дали се согласуваат или не. А сосема малку се присутни форми каде граѓаните би давале предлози за приоритетите кои нив ги засегаат.“

Според професорот Смилевски проблемот може да се реши едноставно со закон, во кој ќе се предвиди задолжителна обврска во работните тела на општинскиот совет да се вклучат граѓани. Смилевски објаснува дека во расправите за буџетот се вклучуваат граѓани, но таму не се наведуваат конкретните проекти, туку само програмите, што пак дава можност градоначалникот да биде слободен во изборот како ќе ги троши парите.

„Луѓето кои неколку пати се обиделе и виделе дека нема ефект се обесхрабруваат. Честопати објективно не може да биде усвоено некое индивидуално барање бидејќи е поставено во многу доцна фаза, и затоа треба да се охрабруваат граѓаните, да им се овозможи да се јавуваат во раните фази на креирање на приоритетите и политиките, се до цел да можат реално да се согледаат потребите.“

Коцевски додава дека некои општини во земјава веќе спроведуваат методи преку кои поактивно ќе ги вклучат граѓаните во работата на локалната власт, но дека поголемиот дел од нив се уште не се подготвени за тоа.

„Прашање е дали сите општини се кадровски оспособени, дали имаат човечки ресурси и технички можности и дали воопшто сметаат дека е потребно да го прават тоа. Во западно-европските општини задолжително на крајот на годината сите општини печатат извештаи за работата во изминатата година, каде на граѓаните преку текстот пропратен со податоци, со фотографии им ги прават транспаренти и достапни информациите за тоа каде, колку и за што се трошеле народните пари.“

Дел од упатените во оваа област сметаат дека општините мора да понудат различни модели преку кои ќе ги мотивираат граѓаните поактивно да се вклучат во нивното дејствување. Еден од начините е користењето на медиумите и социјалните мрежи за да допрат до граѓаните. За разлика од Македонија, на интернет страниците на општините во Велика Британија на пример постојано има повици и иницијативи за граѓаните да го кажат своето мислење за општинските политики. На интернет може да пополнат прашалник или да побараат средби со градоначалниците.

Темите за кои се консултираат со граѓаните се многубројни, од оние за уличното осветлување, стратегиите за здравство и за социјална помош, до оние за годишниот буџет.

Општините мора да почнат да работат како сервис на граѓаните, но и тие треба да вложат енергија во остварувањето на своите права, заклучуваат експертите за локална самоуправа.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG