Достапни линкови

Попоски-Македонија ја има поддршката од Германија за ЕУ


Министерот за надворешни работи Никола Попоски со неговиот германски колега Гидо Вестервеле

Министерот за надворешни работи Никола Попоски со неговиот германски колега Гидо Вестервеле

Македонија ја има поддршката на Германија за интеграцијата во ЕУ. Германија ќе го задржи кредибилитетот на процесот на проширување и по следното приклучување на Хрватска, е пораката која министерот за надворешни работи Никола Попоски ја добил за време на денешните средби во Берлин со неговиот германски колега Гидо Вестервеле и со политичките партии застапени во Бундестагот. Попоски изјави дека за Македонија во овој момент не постои никаква друга пречка освен ставот на Атина, кој го попречува почетокот на пристапните преговори.
Прашан дали Македонија ќе добие поддршка од Германија за доделување датум за почеток на преговорите на самитот на Советот на ЕУ, Попоски со став дека во Германија не постои дилема за тоа дали би се поддржала заслужена препорака.
XS
SM
MD
LG