Достапни линкови

Турција го критикуваше Кери


Американскиот државен секретар Џон Кери на прес конференција во Истанбул

Американскиот државен секретар Џон Кери на прес конференција во Истанбул

Турција го критикуваше американскиот државен секретар Џон Кери затоа што јавно го повика турксиот премиер Реџеп Таип Ердоган да не оди во појасот Газа во мај. Претходно Ердоган соопшти дека по посетата на Вашингтон на 16 мај има намера да го посети овој појас. На прес конференција во Истанбул, Кери изјави дека сега не е вистинското време за тоа. Според турскиот заменик премиер Булент Аринч изјавата на Кери е дипломатски проблематична и турската Влада треба да одлучи што ќе прави. Тој изјави дека на Турција не и се потребни дозволи од никого.
XS
SM
MD
LG