Достапни линкови

logo-print

На ред македонско-грчки договор?


Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.

Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.

Српско–косовскиот договор е голема прествртница на Балканот и сега се чека на Македонија и Грција. На состанок на Советот на Министрите на ЕУ, меѓу другото, се расправа за извештајот на комесарот Филе за Македонија. Какви се шансите по српско–косовскиот договор, за пробив и во македонско–грчките разговори?

Како што и се очекуваше Советот на министрите на ЕУ денеска не донесе никаква одлука што се однесува на датумот за отпочнување преговори со Македонија. На министрите им бил преставен извештајот на Еврокомесарот за проширувањето Штефан Филе за Македонија, како и за Србија и Косово, објавен минатата недела.
Ние ќе се најдеме како една, да речам, сива зона притисната од земји кои или се веќе членки на Европската унија или итаат натаму, почнуваат преговори итн, што значи дека тоа ќе биде дополнителен притисок.

Постигнатиот договор меѓу Косово и Србија ги менува состојбите зашто претставува пресвртница на Балканот и е пример кој притиска, но притисокот во Македонија ќе се чувствува и политичко географски, посочуваат дел од експертите во Македонија.
Премиерот Никола Груевски се сретна со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје.

Премиерот Никола Груевски се сретна со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје.


„Ние ќе се најдеме како една, да речам, сива зона притисната од земји кои или се веќе членки на Европската унија или итаат натаму, почнуваат преговори итн, што значи дека тоа ќе биде дополнителен притисок“, потенцира професор Денко Малески.
Јас мислам дека многу што е испеглано во предлогот на Нимиц и двете страни „мудро“ молчат. Секоја од нив не сака да си ја преземе одговорноста за можниот неуспех на предлогот.

Добиваме еден добар показател дека преку преговори, дипломатија и тивки компромиси може да се дојде до решенија. Но тоа како што додава, не може да се случи по автоматизам. Важно е политичкото водство да ги извлече вистинските поуки и да се ангажира кон излез од актуелната ситуација. Таква атмосфера, според него, не може да се насети од сегашните настапи на македонските власти.

„Претседателот вчера пред иселениците зборуваше за одбрана на уставното име, премиерот оди во потрага по финансии кои би биле еден вид на алтернатива на европските интеграции, така што се е тоа една манифестација на неспремност.“

Во исклучително важен период до јунскиот Самит на Европскиот совет необјаснива е пасивноста и недостигот од иницијативност кај нас, додава професор Мерсел Биљали.

„Јас мислам дека многу што е испеглано во предлогот на Нимиц и двете страни „мудро“ молчат. Секоја од нив не сака да си ја преземе одговорноста за можниот неуспех на предлогот. Кај нас недостасува иницијативност, затоа што грчката страна стои на страна, затоа што и ништо не губи. Ние мора нешто да кажеме околу предлогот, не може цело време да молчиме.“

Доколку не се искористи можноста сега таа ќе биде уште помала во декември поради подготвките за претседателските избори кои треба да се одржат три месеци подоцна, додава Биљали.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG