Достапни линкови

Глума на коалиционите партнери пред членството


Со пораките кои ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ деновиве си ги испратија преку медиумите, а кои се однесуваат на проблемот за името и членството на земјава во ЕУ и НАТО, коалициските партнери глумат со цел да профитираат кај своето членство, оценуваат експертите.

Со пораките кои ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ деновиве си ги испратија преку медиумите, а кои се однесуваат на проблемот со името и членството на земјава во ЕУ и НАТО, коалициските партнери глумат со цел да профитираат кај своето членство. Ова се оценките на дел од експертите по колумната на претседателот на ДУИ Али Ахмети каде што повика дека сега е дојден моментот да се реши проблемот со името за Македонија да стане членка на НАТО и реагирањето на ВМРО-ДПМНЕ со соопштение дека секогаш е време за НАТО, но идентитетот е поважен. Позициите на владините партнери се изнесуваат во јавноста пред и по пролетниот извештај на Европската комисија во кој останаа пререпораката, но остана притисокот за решавање на спорот со Грција.
Прашањето зошто сега тоа ескалира на јавната сцена и зошто сега пораките се праќаат преку јавната сцена наместо да се прават во кабинет како што е ред меѓу коалициони партнери.

Комуникологот Петар Арсовски, потсетува дека веќе видена слика во јавноста е ДУИ пред секој важен настан да инсистира да се реши ова прашање без да прецизира што ќе се случи доколку до тоа не дојде, а ВМРО-ДПМНЕ да изнесува свои гледишта.
Премиерот Никола Груевски се сретна со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје.

Премиерот Никола Груевски се сретна со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје.


„Прашањето зошто сега тоа ескалира на јавната сцена и зошто сега пораките се праќаат преку јавната сцена наместо да се прават во кабинет како што е ред меѓу коалициони партнери. Мислам дека ова е минорна ескалација во пресрет на извештајот кој што се случи. Притиснати од политичкиот дијалог којшто се случи за опозицијата да учествува на избори, па тој некој рок кој сите ние имагинарно го толкуваме дека е јуни, инаку не мислам дека е ништо спектакуларно од тоа може да се заклучи.“
Колумната повеќе беше за албанскиот електорат, дека еве јас нешто правам. Одговорот на Груевски исто е театрален, дека тој не може да се откаже, што всушност укажува дека тие во суштина се разбрале, но сега треба да се задоволат вкусовите на електоратот.

Вчера во јавноста премиерот Никола Груевски беше воздржан дали во јуни очекува датум додавајќи дека тоа не зависи само од нас. ДУИ, пак, неколку пати јавно побара побрзо решавање на спорот за името и со тоа членство во НАТО.

Исто така може да се каже дека позициите на ДУИ како владин партнер беа изнесени во јавноста во очи на посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон која го нагласи решавањето на спорот за името како нешто за што нема алтернатива. Претходно во Македонија беше еврокомесарот Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и амбасадорот на САД, Пол Волерс.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и амбасадорот на САД, Пол Волерс.

за проширување Штефан Филе.

Некои експерти колумната на Ахмети ја толкуваа не како притисок туку како создавање амбиент и охрабрување за решавање на спорот со Грција, но политичкиот аналитичар Алајдин Демери вели дека истата има намена за домашна употреба исто како и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое партија та нагласува дека важано е НАТО, но оти е поважен идентитетот.

„Колумната повеќе беше за албанскиот електорат, дека еве јас нешто правам. Одговорот на Груевски исто е театрален, дека тој не може да се откаже, што всушност укажува дека тие во суштина се разбрале, но сега треба да се задоволат вкусовите на електоратот.“

Инаку можноста земјава да добие датум за почеток на преговорите во јуни ќе се разгледува во понеделник на состаноците на Советот на министри за надворешни работи во Луксембург.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG