Достапни линкови

И Вујановиќ и Лекиќ си прогласија победа во Црна Гора


Актуелниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ прогласи победа на вчерашните претседателски избори. Во телевизиското обраќање, повикувајќи се на пребројувањето на гласовите од неговата владејачка партија, Вујановиќ рече дека тој освоил 51,3 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Миодраг Лекиќ освоил 48,7 отсто. Сепак, партијата Демократски фронт на Лекиќ не ги признава овие резултати и вели дека нивниот кандидат е во благо водство пред Вујановиќ.
XS
SM
MD
LG