Достапни линкови

Загриженост за Авганистан по повлекувањето на странските сили


Мартин Демпси

Мартин Демпси

Американскиот генерал Мартин Демпси изјави дека некои делови од Авганистан ќе бидат загрозени од талибанците по повлекувањето на меѓународните сили на крајот од 2014 година. Според него, борбата на талибанците против авганистанските власти може да продолжи неколку години по повлекувањето на странските војници. Демпси порача дека авганистанската војска ќе ја преземе контролата врз безбедноста во земјата за неколку месеци во согласност со договорот на американскиот и авганистанскиот претседател, Барак Обама и Хамид Карзаи.
XS
SM
MD
LG