Достапни линкови

Протест пред Македонската амбасада во Софија


Охрид

Охрид

Пред Македонската амбасада во Софија денеска е одржан протест поради, како што навеле организаторите, сквернавењето на спомен-плочата за загинатите бугарски туристи при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро.
На спомен обележјето во Охрид непознати лица со спреј нацртале кукасти крстови и напишале „фашисти“. Сквернавењето на спомен-плочата, како што објавуваат бугарските медиуми, коинцидирало со договорот меѓу претседателите на Бугарија и на Македонија, Росен Плевнелиев и Ѓорге Иванов во Ватикан, наскоро да се сретнат во Охрид.
Луѓето кои се собрале пред македонската амбасада побарале од бугарската држава да се заложи кај македонските власти да преземат мерки против оние кои го осквернавиле спомен обележјето, тоа да се реновира и да има постојано обезбедување.
Сквернавењето на спомен-плочата беше осудено од локалните власти во Охрид, како и од жителите на градот. Извршителите на вандалскиот чин засега не се откриени.
XS
SM
MD
LG