Достапни линкови

Кичево и Струга во фокусот на неделниците


Неделниците го анализираат предизборниот амбиент во земјава. Тие пишуваат за сплотувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во борбата за градоначалници во Кичево и Струга.

Глобус - Македонија по „белиот петок“: куса релаксација пред долгата нестабилност?“

Струга и Кичево ги обединија „розите“ и „лавовите“. Довчерашните „комуњари“ и „фашисти“ се сплотија во битката за градоначалник Македонец во овие две општини. Што не значи дека Рамковниот е мртов. Напротив, ова единство само ја покажува неговата фабричка грешка.
Фокус.
Резонот на пријателите на опозицијата од странство е следен - по први септември почнуваат избори во органите и телата на Унијата и нејверојатно многу од лобистите за Македонија ќе бидат сменети или заменети со непознати политичари, па земјава ќе треба да тргнува од почеток во стекнувањето пријатели за своите интеграциски процеси! - ова се размислувањата на групата европски социјалдемократи кои на крајот на минатиот месец ја посетија Македонија и чии мислења искажани на трибината со своите домаќини, македонските социјалдемократи, ги пренесува Глобус. Всушност, заедничкиот именител на тие размислувања е содржан во насловот на статијата: „Македонија по „белиот петок“: куса релаксација пред долгата нестабилност?“

Фокус - Струга и Кичево ги обединија „розите“ и „лавовите“
Предизборен митинг на ДУИ.
Предизборен митинг на ДУИ.

ДУИ порача дека доколку во Кичево не победи командантот на УЧК Дехари, Албанците во тој град нема да дишат. Прашањето е какви проекти за прочистување на воздухот нуди Дехари, кој, според потпретседателот на партијата Меџити, ќе направи од гласните жици Кичево да звучи како Керчова?
Република.
„Никола Груевски агитира за СДСМ!!!“, извикува во насловот авторот на уводникот во неделниот Фокус за да дообјасни: Струга и Кичево ги обединија „розите“ и „лавовите“. Довчерашните „комуњари“ и „фашисти“ се сплотија во битката за градоначалник Македонец во овие две општини. Што не значи дека Рамковниот е мртов. Напротив, ова единство само ја покажува неговата фабричка грешка - смета неделникот. Едноставно, територијалната поделба е лошо скроена штом предизвикува коалиции меѓу закрвени противници само врз етничка основа. Оттаму молкот што „татни“ од албанските партии. Што да кажат, кога нивни перјаници отворено рекоа дека со Кичево се црта картата на Голема Албанија?! Но без нервоза, смирува Фокус. Овие локални избори може да создадат нешто поголема етничка тензија, но таа нема да донесе некои драматични последици. Без оглед на резултатите и во Струга и во Кичево, сепак сме далеку од некаква реприза на 2001-та. Едноставно, така ни е пишано. Ако ништо друго, тогаш заради последиците што по регионот би ги предизвикало некое друго решение од сегашново. Парадоксално, но вистинито, во овој момент е важно елиминирањето на етничката карта од политичката војна во македонскиот блок. Да, со заедничкиот настап во Струга и во Кичево, веќе нема да има основа за препукување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за тоа кој е „предавник“ или „патриот“ во однос на албанското прашање!, смета Фокус.

Република - И воздухот стана рамковен

И Република се занимава со истата тема, но од малку поинаков агол. „И воздухот стана рамковен“, е насловена статијата во која се анализира амбиентот на предизборието во земјава. ДУИ порача дека доколку во Кичево не победи командантот на УЧК Дехари, Албанците во тој град нема да дишат. Прашањето е какви проекти за прочистување на воздухот нуди Дехари, кој, според потпретседателот на партијата Меџити, ќе направи од гласните жици Кичево да звучи како Керчова? прашува, покрај другото, Република.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG