Достапни линкови

Македонија е далеку од меѓуетнички коалиции


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на предизборен митинг во Струга, Локални избори 2013.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на предизборен митинг во Струга, Локални избори 2013.

Полесно ќе се договорат „предавниците“ и „фашистите“, отколку Македонците и Албанците. По коалицирањето меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга и во Кичево, аналитичарите велат дека Македонија сè уште е далеку од предизборни македонско-албански коалиции.

Полесно ќе се договорат „предавниците“ и „фашистите“, отколку Македонците и Албанците. По коалицирањето меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга и во Кичево, аналитичарите велат дека Македонија сè уште е далеку од предизборни македонско-албански коалиции.
Во македонскиот дел се мисли дека ако градоначалникот во Кичево или во Струга е Албанец, пораките од политичките елити одат до тој степен како да е тоа крај на светот, значи ако тоа се случи, готово е со Кичево или готово е со Струга. Истите пораки доаѓаат и од другата страна.

И покрај сите несогласувања и меѓусебни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ излегоа со заеднички кандидати за градоначалници и советници во Струга и во Кичево. Кандидатите за градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, а носителите на советничките листи се од СДСМ. До пред само неколку недели, за опозицијата власта беше диктаторска и фашистичка, а за власта, опозицијата е предавничка, а лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски го ословуваат со „Гркот Бранко“.
Предизборен митинг на ДУИ во Гостивар.

Предизборен митинг на ДУИ во Гостивар.


Во екот на најжестоката негативна кампања против СДСМ, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Струга го повика членството да гласа за заедничките листи со СДСМ.

„Да гласате за Ристе Чушкоски, претседател на СДСМ во Струга. Да, јас ви го велам тоа, Никола Груевски, на сите вас стружани“, рече Груевски на синоќешниот митинг во Струга.
Почеток ќе биде во оние средини каде што има доминација на едниот етникум, односно сигурен избор да речеме на градоначалник од едниот или од другиот етникум, додека онаму каде што состојбата е недефинирана како што е тоа Струга и Кичево, тогаш сè уште може да ја очекуваме онаа националистичка реторика.

Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека коалицирањето меѓу најголемите македонски партии е резултат на притисокот од жителите-Македонци од Струга и од Кичево. За него, Македонија сè уште е далеку од меѓуетнички коалиции.

„Во македонскиот дел се мисли дека ако градоначалникот во Кичево или во Струга е Албанец, пораките од политичките елити одат до тој степен како да е тоа крај на светот, значи ако тоа се случи, готово е со Кичево или готово е со Струга. Истите пораки доаѓаат и од другата страна.“

Аналитичарот Владимир Божиновски вели дека на овие избори, политичарите од албанскиот политички блок многу повеќе од претходно зборуваат за локалните потреби и проблеми, наместо за националните права. Тоа, според него, влева надеж дека во иднина се можни меѓуетнички коалиции.

„Почеток ќе биде во оние средини каде што има доминација на едниот етникум, односно сигурен избор да речеме на градоначалник од едниот или од другиот етникум, додека онаму каде што состојбата е недефинирана како што е тоа Струга и Кичево, тогаш сè уште може да ја очекуваме онаа националистичка реторика.“

Тој вели дека коалицирањето на македонските партии во Кичево е резултат на таквото коалицирање од албанските партии. За коалицирањето во Струга, пак, вели дека е поради тоа што досегашниот градоначалник Рамиз Мерко победил само поради неговата етничка припадност, и оти во неговите два мандати воопшто не им се обраќал на гласачите Македонци. Пред неколку месец имаше обид за опозициски договор меѓу „Сојузот за иднината“ и ДПА, но тиквата меѓу нив пукна токму за Струга.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG