Достапни линкови

ЕУ со нови санкции против 9 ирански државјани


ЕУ објави имиња на ирански државјани кои ќе се соочат со санкции поради кршење на човековите права. Министрите за надворешни работи на Унијата кои вчера се сретнаа во Брисел на листата додадоа девет Иранци на кои им е забрането да патуваат и им се замрзнати нивните средства. На листата се наоѓаат шефот на затворот Евин, неколку судии и обвинители, како и двајца лидери на иранската национална телевизија.
Бројката на Иранци кои се соочуваат со санкции сега изнесува 87 лица.
XS
SM
MD
LG