Достапни линкови

Познавачите на приликите во медиумите велат дека најчесто медиумите даваат и попусти до 90 отсто за партиски реклами, но потоа си наплаќаат преку други бизниси.

Реклами за „делата“ на владата на секоја втора страница во весниците. Телевизиите, пак, турските серии ги заменија со партиски реклами, реклами за тоа колку направила владата и колку не направиле од СДСМ.
Ако ги земеме сега на пример Сител и Канал 5, јас не верувам дека баш им се плаќа толку ако ја пресметаме секундата на телевизиските реклами. Не верувам дека ни приближно реално им се плаќа. Тоа ќе им се плати претпоставуваме после, така обично прават газдите, даваат да речеме 90 отсто попуст, но со договор после тоа преку некои бизниси да си го наплатат тоа што имало реклами.

Долгогодишниот уредник на медиуми во Македонија, Ацо Кабранов, кој сега е уредник на порталот Либертас, вели дека по барање на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ тие на порталот објавиле реклами, но по три дена тие беа повлечени.

„Рекоа дека имаат наредба од горе да не се рекламираат на Либертас. Ние тоа го објавивме, тие ја симнаа рекламата и после два саати се јавија и рекоа дека сепак ќе ја вратат рекламата. Мислам дека не беа договорени, не беа искоординирани Центарот и Премиерот. Начинот на плаќање е со фактура, ние им рековме дека после петтиот ден мора да ја платат за да оди до крај.“

Кабранов, говорејќи за своето искуство како уредник на неколку телевизии во земјата, вели дека договорите најчесто ги склучуваат сопствениците.

И со оглед на незаконското легитимирање на долгот на ВМРО-ДПМНЕ од над 3,3 милиони евра, очигледно е дека истата пракса ќе продолжи и овојпат. Ако е јасно дека на партиската сметка немало ни приближно толку пари за да се врати долгот кон медиумите, станува јасно дека владејачката партија ги враќа парите преку владини рекламни кампањи за кои во последните 2 години владата платила 5 милиони евра.
„Ако ги земеме сега на пример Сител и Канал 5, јас не верувам дека баш им се плаќа толку ако ја пресметаме секундата на телевизиските реклами. Не верувам дека ни приближно реално им се плаќа. Тоа ќе им се плати претпоставуваме после, така обично прават газдите, даваат да речеме 90 отсто попуст, но со договор после тоа преку некои бизниси да си го наплатат тоа што имало реклами.“

Актуелните директори молчат за тоа како овојпат се испазариле за начинот на плаќање. За плаќањето досега никој не зборувал јавно, иако проструиле многу шпекулации.

Ана Јаневска Делева, извршен директор во Транспарентност Македонија вели дека реперот за фер и демократски избори не е само дали имало инциденти, туку и како се финансираат партиите и каков е пристапот до медиумите. Таа вели дека и во оваа кампања се повторуваат работите видени за време на минатите избори.

„И со оглед на незаконското легитимирање на долгот на ВМРО-ДПМНЕ од над 3,3 милиони евра, очигледно е дека истата пракса ќе продолжи и овојпат. Ако е јасно дека на партиската сметка немало ни приближно толку пари за да се врати долгот кон медиумите, во ниеден момент од крајот на изборите во 2011 до денес, иако е јасно дека од страна на доверителите никогаш никакво барање не е поднесено до ВМРО-ДПМНЕ за враќање на долгот, според одредбите на законот за облигациони односи на кои се повикуваше партијата, станува јасно дека владејачката партија ги враќа парите преку владини рекламни кампањи за кои во последните 2 години владата платила 5 милиони евра.“

Со години наназад медиумите се најголеми финансиери на изборните кампањи, затоа што попустите што им ги даваат на политичките партии се сметаат за донација.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG