Достапни линкови

Изборно секојдневие


Бројни ветувања за граѓаните

Бројни ветувања за граѓаните

Предизборната кампања и официјално почна, политичките каравани тргнаа во освојување на гласови, ветувајќи им се и сешто на граѓаните.

Политичката кампања започна. Предизборните каравани тргнаа во освојување на гласови низ градовите во земјава. Деновиве се е во знакот на изборите и се се врти околу кандидатите. Во офанзива со митинзи, билоборди, реклами низ медиумите, профили на интернет, партиите ги презентираат своите програми за подобро утре. Граѓаните до 5 јуни
Секогаш пред избори е така, секаде во светот е така.

буквално ќе бидат бомбардирани со секакви ветувањата на политичарите. За некои од нив премногу е оптоварено нивното секојдневие со предизборната кампања, а за други пак тоа е нормално, бидејќи се навикнати од минатите избори.

„Тоа е начин за да се допре до гледачот. Сите медиуми се користат, дури и телефоните слушаме дека ги користат.“


„Кој што сака да ги гледа и да ги слуша инаку не е така страшно, секогаш пред избори е така, секаде во светот е така.“

„Нон-стоп за тоа се зборува.“

На предизборните кампањи се заборава на минатото и сегашноста, туку се сервира разубавена слика за иднината и се она што грѓаните сакаат да го слушнат што ќе им донесе наместо сива реалност, розева иднина. Граѓаните велат дека сепак
Сите се борат како да го преживеат месецот, невработени има многу, но власта изгледа има перде па не гледа, со ушите не слуша.
проблемите со кои се соочуваат и кои ги мачат не се во сенка на изборите.

„Сите се борат како да го преживеат месецот, невработени има многу, но власта изгледа има перде па не гледа, со ушите не слуша... тие се тераат, си имаат некој замислен свет, еве доаѓаат избори и ќе се растрчаат и ќе нудат се, но тоа е со краток ефект.“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја започна предизборната кампања со митинг во Охрид.

„Народот почна да оди по контејнери, по клупи, гладни, има убиства, кражби, а што ќе има во една држава кога нема работа. Дали може едно четири члено семејство да издржи со пет-шест илјади денари.“

„Видете јас сум генерација што се обезбедивме со образование,
работа, пензија, но не знам што ќе биде со моите внуци, дури и децата се уплашени.“
Јас сум генерација што се обезбедивме со образование, работа, пензија, но не знам што ќе биде со моите внуци.

Времето дозволено со законот за медиумска промоција на политичките партии како да не им беше доволно, па побрзаа кампањите да ги започнат предвреме, велат граѓаните и од невладината организација Мост, која соопшти дека биле прекршени изборните правила и побараа надлежните да реагираат, бидејќи тоа мже да влијае на изборниот процес.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG