Достапни линкови

Уапсен осомничен за нападот на директорот на Бољшој балетот


Руската полиција денеска го уапси осмоничениот кој го нападна уметничкиот директор на Бољшој балетот Сергеј Филин. Напаѓачот истури киселина врз лицето на Филин, при што тој се здоби со тешки опекотини и сега се наоѓа на лечење во Германија. Притворен е и танчерот Павел Дитриченко, чиј стан претходно бил претресен.
Полицијата не го соопшти името на осомничениот, туку само наведе дека е приведен и дека бил однесен на сослушување.
XS
SM
MD
LG