Достапни линкови

Кери и МААЕ бараат напредок во иранското нуклеарно прашање


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано се сложиле дека е потребно да се изврши притисок врз Иран со цел да се постигне договор за нуклеарното прашање. Говорејќи во Ријад, Кери рече дека иранскиот нуклеарен проблем не може по дефиниција да остане отворен на неодредено време.
Според него, се уште има време да се реши ќор сокакот во преговорите со Иран и дека тој е подготвен сериозно да се вклучи во процесот.
XS
SM
MD
LG