Достапни линкови

logo-print

Најкоментирани инцидентите и интервјуто со Гошев


Протести и инцидeнти во центарот на Скопје.

Протести и инцидeнти во центарот на Скопје.

Меѓуетничките тензии и инцидентите на протестите во петокот и во саботата, како и неделното интервју со Петар Гошев, изминатава недела се најкоментирани текстови на нашата интернет страна.

Нема, нема, па ќе се случат некакви инциденти во Скопје - или тепачки по автобуси на млади Македонци со Албанци и обратно, или одвоени протести и контрапротести, па следува судир меѓу толпите и полицијата.... Кревка е оваа Македонија, а на политичарите тоа никако не им оди в глава. Па си работат ли си работат, а младите зелени глави се палат.
Ние сме сограѓани и како такви треба да си ја почитуваме земјата (и приватната сопственост), но и подеднакво да одговараме пред законот. Насилството не е решение за цивилизираните луѓе, а тие треба да се стремат кон подобро, а не кон полошо.

Во коментарите никој не го спомнува дивеењето на Македонците пред Владата во петокот. Мк Обсервер забележува дека додека снимателот го снимал запалениот автобус, толпата гласно скандирала „Алаху Акбар! „Слично како опозицијата во Сирија - ех, тие големи стратешки партнери на НАТО!“, пишува „Мк Обсервер“ од Скопје.

Зоран од Македонија прашува како може една личност родена и која живее во една држава, без разлика на вероисповеста, да ја негира својата државност, а некој слушател потпишан со Македонец му одговара дека Македонија многу млитаво реагирала, па дава примери со Грција, каде што сите биле „антички Грци“ и со Кина, каде што државата го раселувала сепаратистичкото муслиманско малцинство за да се асимилирале со локалните Кинези и да нема територија што би ја барале.
Вработувањата не се во некоја индустрија, туку ако требаат 3 служителки во училиштата, Груевски вработува 5, во судот наместо 5 секретарки вработува 50, сега во Демир Хисар ќе вработеле 300, како што велат и тоа 100% со партиски книшки, па за да ги исплати зема кредити, а кога ќе ја затворат чешмата, и нема ни капка да капне, што правиме тогаш?

Глас на разум испраќа во својот коментар Зоран од Охрид, кој пишува: „Ние сме сограѓани и како такви треба да си ја почитуваме земјата (и приватната сопственост), но и подеднакво да одговараме пред законот. Насилството не е решение за цивилизираните луѓе, а тие треба да се стремат кон подобро, а не кон полошо“.

Редовното неделно ТВ интервју на Радио Слободна Европа, овој пат со поранешниот гувернер на Народна банка и долгогодишен политичар, Петар Гошев, кој, покрај другото, вели дека Македонија се движи кон дезинтеграција по сите линии, натерало некој потпишан со Анонимен да направи цела анализа на начинот на играта, како што пишува, на власта: најмногу со вработувањата со партиски книшки:

„Вработувањата не се во некоја индустрија, туку ако требаат 3 служителки во училиштата, Груевски вработува 5, во судот наместо 5 секретарки вработува 50, сега во Демир Хисар ќе вработеле 300, како што велат и тоа 100% со партиски книшки, па за да ги исплати зема кредити, а кога ќе ја затворат чешмата, и нема ни капка да капне, што правиме тогаш?“.

Дејан се согласува со Гошев дека не постои механизам за понесување одговорност и дека од сите партии одговараат дека претходниците сè правеле согласно законите и Уставот и не постоел „фактички криминал“ како што го цитира одговорот што му го дал некој висок функционер на СДСМ на Фејсбук.

Горан од Куманово, иако сметал дека коментарот нема да му биде објавен на нашата веб-страница, дава податоци за невработеноста и за платите, со нагласка дека сега биле подобри и му забележува на Гошев дека кога тој бил министер за финансии не направил никаква реформа во економијата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG