Достапни линкови

logo-print

СЗО-повисок ризик од рак во реоните погодени од Фукушима


Нуклеарната кцентрала Фукушима

Нуклеарната кцентрала Фукушима

Светската здравствена организација соопшти дека луѓето кои живеат во реоните кои беа најлошо погодени од нуклеарната катастрофа на Фукушима во Јапонија имаат значително поголем ризик за добивање на одредени видови на рак. Според организацијата, стапката на рак на тироидната жлезда кај жените кои биле изложени на радијација како бебиња се очекува да се зголеми за 1,25 проценти. Нормалниот ризик за рак на тироидната жлезда кај жените во регионот е 0,75 отсто.
Ризикот на рак од дојка меѓу жените и леукемија меѓу мажите, како што е наведено во извештајот ќе биде исто така поголем од вообичаено.
XS
SM
MD
LG