Достапни линкови

Поранешниот солунски градоначалник проневерил 18 милиони евра


Солун.

Солун.

Кривичниот суд во Солун го прогласи за виновен поранешниот градоначалник на градот, Василис Папајоргопулос за проневера на речиси 18 милиони евра од општинската каса во текот на неговите два мандати. На Папајоргопулос и уште 17 функционери им се судеше за проневера на 52 милиони евра од градската каса, но Судот соопшти дека има докази дека недостасуваат 17,962 милиони евра. Папајоргопулос, кој може да добие и доживотна казна затвор, во два мандати беше градоначалник на Солун до ноември 2010 година, кога на негово место дојде Јанис Бутарис.
XS
SM
MD
LG