Достапни линкови

logo-print

Џек Лу доби поддршка од сенатскиот комитет за финансии


Претседателот Барак Обама и неговиот предлог за нов секретар за финансии Џек Лу.

Претседателот Барак Обама и неговиот предлог за нов секретар за финансии Џек Лу.

Американскиот сенатски комитет за финансии го поддржа предлогот на претседателот Барак Обама, Џек Лу да биде нов секретар за финансии. Тоа го отвора патот Лу да биде изгласан од Сенатот уште в среда. Сè уште е неизвесно дали републиканците кои се противат на неговата номинација ќе прават процедурални пречки на изборот. Сепак, се очекува Лу да биде изгласан од Сенатот каде што демократите имаат мнозинство над републиканците со 53-45. Лу е поранешен шеф на кабинетот на Обама и директор за буџет и во кабинетот на Обама и во кабинетот на поранешниот претседател Бил Клинтон. Секретар за финансии досега беше Тимоти Гајтнер.
XS
SM
MD
LG