Достапни линкови

logo-print

Шулц - Исходот од изборите во Италија е тежок за цела ЕУ


Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека изборните резултати во Италија се порака на протест против политиките на остри мерки на штедење кои се наметнуваат во ЕУ. Тој рече дека исходот од изборите во Италија е „многу тежок резултат за ЕУ како целина“. Изборите во Италија, која е трета по големина економија во евро-зоната, завршија без победник, што предизвика загриженост ширум Европа дека тоа може да предизвика влошување на должничката криза. Централно-левичарската коалиција предводена од Пјер Луиџи Берсани победи на изборите за Долниот дом пред конзервативната коалиција предводена од поранешниот премиер Силвио Берлускони, но изборите за Сенатот завршија без победник. За формирање влада е потребна поддршка во двата дома на парламентот. Веројатно е дека наскоро ќе има нови избори.
XS
SM
MD
LG