Достапни линкови

Два руски авиона со хуманитарна помош за Сирија


Русија денеска испрати два авиона со хуманитарна помош за Сирија. Руското министерство за вонредни ситуации соопшти дека потоа со авионите ќе бидат евакуирани русите кои сакаат да ја напуштат Сирија. Кон крајот на минатиот месец од таа земја беа евакуирани 77 руски државјани. Москва, заедно со Пекинг неколку пати стави вето во Советот за безбедност на Обединетите нации на резолуциите за осуда на режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад. Од март 2011 година досега во конфликтот во Сирија загинале околу 70 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG