Достапни линкови

Косово слави пет години самостојност


Косово денеска ја одбележува петгодишнината од прогласувањето на својата независност од Србија. Во 12 часот во центарот на Приштина ќе се оддржи парада на припадници на Силите за безбедност на Косово и на косовската полиција. Предвидено е и свечено заседание на косовскиот парламент, објави Танјуг.

Со бомбардирањето на НАТО во пролетта 1999 година од Косово беа истерани српските сили, отворајќи го на тој начин патот за независноста, што беше прогласена на 17 февруари 2008 година со поддршката на САД и на мнозинството од земјите од ЕУ.

Независноста на Косово досега ја признаа од околу 100 држави.

Србија не го признава Косово, но нормализирањето на односите со Приштина е услов за продолжување на евроинтеграциите на Србија.
XS
SM
MD
LG