Достапни линкови

Стравот, пресметливоста и партизираноста се дел од причините поради кои во земјава не можат да успеат граѓански иницијативи.

Прашањето за оджување нар референдум со кој граѓаните би се изјасниле за барањето за поевтина струја е последната демократска алатка која граѓанското движење „АМАН“ ќе ја употреби. По вчерашната одлука на Собранието со кое се одбива барањето за измени во законот за енергетика, претставниците на движењето најавија дека ќе ги искористат сите легитимни форми на граѓански активизам како протести, разговори со институции и ако и тоа не помогне, ќе се обидат со референдум.

„Референдумот е навистина тешка работа, собирањето на 150 илјади потписи не е лесно, ние за собирање на овие потписи се соочивме со навистина големи притисоци, но доколку мораме ќе тргнеме и на тоа“, вели Петрит Сарачини од АМАН.
Претседателот на Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка Александар Цветкоски е скептичен дека во земјава може да се организира референдум за такво прашање, затоа што во преддемократско општество во кое се наоѓа Македонија не е можно поопсежно граѓанско организрање, освен ако зад тоа стои политичкото движење.
Има многу причини, зошто тоа нема да успее, пред се разочараноста на граѓаните, воопшто за какви било иницијативи, затоа што тие се научени да гледаат во нив активности кои така да ги наречам со опашки каде стои некоја политичка партија.

„Има многу причини, зошто тоа нема да успее, пред се разочараноста на граѓаните, воопшто за какви било иницијативи, затоа што тие се научени да гледаат во нив активности кои така да ги наречам со опашки каде стои некоја политичка партија зад иницијативата и вербата е на многу ниско ниво за сето тоа да успее. “

Тој додава дека и стравот и пресметливоста на граѓаните се дел од причините поради кои не може да се формира критичка маса за оддржување на референдум кој се однесува на прашања кои задираат во граѓанскиот џеб.
Ако владата односно власта ги контролира вработувањата, ако ги контролира јавните добра, ако ги контролира на некој начин истите донации, ако става рака врз медиумите и врз невладините организации, тогаш на некој начин кругот се затвара и нивната иницијатива и граѓанските организации се чуствуваат дека се без поддршка.

„Надежта последна умира, но тие повеќе би се надевале на партиските понуди и на ветувања. Знаете дека нема дом во Македонија кој партиите не го обиколија во оваа преуранета предизборна кампања.“

Социологот Хасан Јашари вели дека граѓаните се доведени во таква ситуација поради контролата од власта која става рака врз секоја пора од општеството.

„Ако владата односно власта ги контролира вработувањата, ако ги контролира јавните добра, ако ги контролира на некој начин истите донации, ако става рака врз медиумите и врз невладините организации, тогаш на некој начин кругот се затвара и нивната иницијатива и граѓанските организации се чуствуваат дека се без поддршка.“

Но додава дека не треба однапред да се осуди на неуспех таква иницијатива.

„Секако дека може, меѓутоа тешко е кога слободата на медиумите е ограничена затоа што нивниот глас не допира целосно како што треба до граѓаните.“

Јашари смета дека бесперспективноста на граѓаните особено кај младите луѓе влијае врз однесувањето и јавнта перцепција за општествената одговорност и таа се намалувасо што луѓето стануваат апатични и замира граѓанскиот дух.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG