Достапни линкови

Собранието на пладне ќе гласа за неколку предлози


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 54-та седница, во чии рамки во 12 часот пратениците ќе гласаат по Предлог-одлуката за огласување наименување член на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и по Предлогот за избор на претседател и членови на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. За претседател на Комисијата за хартии од вредност е предложена Елизабета Чингаровска.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски информира дека ќе се гласа и по предлогот Александар Петревски да биде наименуван за член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, како и по Предлогот за наименување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Инаку, на дневниот ред на оваа седница се наоѓаат 50-ина точки.
XS
SM
MD
LG