Достапни линкови

Преговорите за името се интензивираат


Во недостиг на информациии за тоа што всушност се случува на преговарачката маса, држи генералниот впечаток во јавноста дека процесот напредува и се интензивира, велат експертите.

Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов засега нема најави дека во следните неколку дена би се одржала средба на државниот врв на која преговарачот Зоран Јолевски би информирал за деталите околу последната рунда разговори во Њујорк.
Нимиц вчера го крена оптимизмот на еден степен повисоко. „Не сме во вселената, туку сме на земја и конкретно разработуваме некои опции“, рече Нимиц. Процесот се одвива во една позитивна насока со тоа што е тоа на маса, што е тоа што се „крчка“ тешко е да се каже.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.

По завршувањето на разговорите на Нимиц и преговарачите, останува впечатокот дека разговорите се интензивираат, велат упатените. Поранешниот дипломат Ристо Никовски вели дека е очигледен оптимизмот кај медијаторот дека процесот се движи напред.

„Нимиц вчера го крена оптимизмот на еден степен повисоко. Не сме во вселената, туку сме на земја и конкретно разработуваме некои опции, рече Нимиц. Процесот се одвива во една позитивна насока со тоа што е тоа на маса, што е тоа што се крчка тешко е да се каже.“

Во недостиг на информациии за тоа што всушност се случува на преговарачката маса, држи генералниот впечаток во јавноста дека процесот напредува и се интензивира, вели професор Беким Кадриу.

„Тој динамизам уште повеќе ќе се интензивира во правец на целосно решавање на овој спор.“
Тоа бара интерес и од двете страни, сериозен пристап да се седне, да се биде подготвен на компромис.
Беким Кадриу, аналитичар.

Во овој момент на секоја од страните им одговара динамизирање на процесот, вели Никовски. Откако ќе завршат изборите и по добивањето на пролетниот извештај за напредок од Европската унија, очекувам забавување на процесот и враќање на статус кво ситуација, вели Никовски.

„Ако не излезе нешто што ќе биде прифатлив резултат, што е најмногу веројатно, веднаш после тоа повторно ќе имаме еден пад на интензитетот.“

За разлика од Никовски, Кадриу не очекува забавување на преговарачкиот процес, оти Европската унија покажува засилен интерес за решавање на спорот за името. Но дали процесот ќе ја продолжи сегашната динамика, ќе зависи од тоа како ќе се однесуваат двете страни.

„Тоа бара интерес и од двете страни, сериозен пристап да се седне, да се биде подготвен на компромис.“

По средбите со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, посредникот Нимиц изјави дека процесот е конструктивен и дека се разговара за конкретни прашања.

„Позициите на земјите се кристализираат. Сметам дека во секој од главните градови напорно се работи да се постигне напредок. Имаше реакции на некои од моите идеи и продолжуваме со интензивни дискусии“, најави посредникот Нимиц.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG