Достапни линкови

Нимиц задоволен од Грција, а од Македонија?


Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје,2012.

Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје,2012.

По средбата на медијаторот Метју Нимиц со грчкиот државен врв беа искажани позитивните сигнали. Останува да се види што ќе донесе средбата со македонските власти. Аналитичарите не очекуваат значителен исчекор во насока на наоѓање на заедничко прифатливо решение.

За домашната стручна јавност, посетата на медијаторот Метју Нимиц во Атина била интересна и поразлична од досегашните пред се поради местото на средбите, потоа присуството на премиерот Самарас, но и позитивните сигнали кои беа искажани по средбите со грчкиот државен врв.
Тоа е глума, тоа е дипломатска игра, која треба да и претстави на Европа и на Америка, пред се, дека еве Грција е подготвена да најде решение.

„За првпат после толку години не протекоа информациите што е во предлогот на Нимиц, тоа претходно редовно беше случај и ние се дознававме преку нивните медиуми, овојпат има нешто ново, дали предлогот кој го добија Грците е нагласено позитивен за нив и прифатлив, допрва треба да се види“, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски.
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.


И за универзитетскиот професор Денко Малески оваа посета на Нимиц во Атина била поспецифична оти е проследена со позитивни и срдечни тонови. Останува енигма што точно се крие зад тоа, оти политичката криза во која се најде Македонија зборува за фактот дека земјава е онеспособена да донесе демократска одлука околу која би се обединиле сите политички фактори.
Веројатно ќе се покаже дека надежите биле преуранети, се додека во Македонија не се средат состојбите не ќе може да се донесе ваква крупна одлука и надежта дека може да се направи брза зделка со оние кои сега целосно ја контролираат власта, сега и нема опозиција веќе, дека ќе се покажат како нерелани.

„Дали е проценката дека во вакви услови може да се направи некаква брза зделка со оние што се сега на власт во Македонија, дали постојат такви канали на комуникација за такво брзо решение, се сомневам“, вели Малевски.

Несомнено дека внатрешната криза во државата има влијание на како што пренесе Нимиц, конструктивното однесување на Грција, вели Никовски но сепак додава дека тоа не може да биде главниот аргумент за вакво однесување. Се работи за дипломатска игра и глума која треба на светот да му покаже дека Грција е подготвена за компромис, вели Никовски.

„Тоа е глума, тоа е дипломатска игра, која треба да и претстави на Европа и на Америка, пред се, дека еве Грција е подготвена да најде решение.“

Пред доаѓањето на медијаторот во Скопје, професорот Малевски не очекува значителен исчекор во насока на наоѓање на заедничко прифатливо решение.

„Веројатно ќе се покаже дека надежите биле преуранети, се додека во Македонија не се средат состојбите не ќе може да се донесе ваква крупна одлука и надежта дека може да се направи брза зделка со оние кои сега целосно ја контролираат власта, сега и нема опозиција веќе, дека ќе се покажат како нерелани.“

Никовски посочува дека Македонија мора да продолжи со конструктивниот пристап, крајно внимателно да се разгледаат идеите на Нимиц, а доколку предлогот го загрозува македонскиот идентитет отворено да се каже дека во тој случај нема да има напредок во разговорите.

Инаку Нимиц во Грција имаше средба со премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. По средбата изјави дека грчката Влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето со името. Не откри што било предложено и најави оти оди за Скопје за да разговара со македонската Влада. Нимиц изрази уверување дека дискусиите може да се забрзаат и да се постигне некакво решение.

Во меѓувреме и Американскиот Стејт департмент ги повика Македонија и Грција да ја искористат посетата на посредникот за спорот за да се најде решение.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG