Достапни линкови

Војската на Мали го зазеде градот Тимбукту


Војската на Мали, помогната од француски сили, го зазеде Тимбукту откако ги протера исламските милитанти од овој антички град. Соопштено е дека притоа немало улични борби со бунтовниците. Сепак, пред напуштањето на градот тие ја запалиле библиотеката во која имало бесценети прастари записи. УНЕСКО го има прогласено Тимбукту за светско наследство. Француските војници се распоредни во Мали веќе две недели во операција против исламските милитанти, одобрена од Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG