Достапни линкови

Нема напредок на средбата на преговарачите од Азербејџан и Ерменија


Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија одржаа разговори под меѓународно медијаторство со цел разрешување на конфликтот во Нагорно Карабак – територија која е под контрола на етнички Ерменци во границите на Азербејџан. Нема информации за постигнат напредок во разговорите кои се одржаа во Париз. Двете страни ја повториле својата заложба за мирно решавање на конфликтот и нивната одлучност за продолжување на преговорите, кои се под медијаторство на Соединетите американски држави, Русија и Франција.
XS
SM
MD
LG