Достапни линкови

Британија ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Сомалија


Архивска фотографија. Сомалија.

Архивска фотографија. Сомалија.

Британската влада ги предупреди своите граѓани во Сомалија веднаш да ја напуштат земјата поради јасна закана за странците во отцепената област Сомалиленд. Во соопштението од Форин офисот не се наведуваат детали за заканата, но се забележува дека „киднапирањата заради финансиски или политички цели, мотивирани од криминал или од тероризам“ претставуваат закана за целата земја. Пред неколку дена Велика Британија ги повика своите граѓани итно да ја напуштат областа на Бенгази во Либија.
XS
SM
MD
LG